ВИДЕО: На денешен дел Џерард се лизна против Челзи и остана без трофеј во Премиер

27 април нема по добро да го паметат фановите на Ливерпул, а најмногу поранешниот капитен и легенда на клубот, Стивен Џерард. 

Пред точно шест години „црвените“ беа многу блиску до првиот шампионски трофеј во Премиер лигата, но на денешен ден на натпреварот против Челзи среќата им го сврти грбот на популарниот Стиви Џи. Искусниот играч за врска несреќно се лизна и дозволи Демба Ба да постигне гол за лондончани и да го оддалечи Ливерпул од толку посакуваниот трофеј.

Таа сезона Ливерпул играше фантастичен фудбал и повеќе го заслужи трофејот од Манчестер Сити, а тоа беше последната шанса на Џерард да се радува на титула во Премиер лигата.