На четири кола до крајот Палермо го избрка Стелоне: Негова замена Делио Роси

Раководството на Палермо продолжува со својот тренд на бркање тренери, откако на големо изненадување на фановите се реши да му врачи отказно решение на Роберто Стелоне.

Тимот од Сицилија, чии бои бранат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, игра одлична сезона и е на прагот повторно да се најде во елитата на италијанскиот фудбал, но тоа како да не беше доволно за челните лица и на четири кола до крајот на Серија Б направија тренерска смена. 

Сепак, експресно ја пронајдоа замената за Стелоне, во името на Делио Роси, кој потпиша договор до крајот на сезоната и ќе има задача да го врати тимот во Серија А.

Моментално, Палермо ја зазема третата позиција со три бодови помалку од второпласираниот Лече, кој пак има еден натпревар повеќе. Роси своето деби на клупата ќе го има за три дена против Ливорно.