ВИДЕО: На Бејл му здодеа да гледа фудбал од трибини, па го „преспа“ мечот со Алавес

Екипата на Реал Мадрид продолжува да реди победи во Примера и е на чекор до враќање на титулата на „Сантијаго Бернабеу“. 

Синоќа, „кралевите“ на рутински начин го совладаа тимот на Алавес со 2-0, но во еден момент во центарот на вниманието не беа случувањата на теренот, туку на трибините. 

Герет Бејл повторно беше изоставен од првиот состав на Зинедин Зидан, а со оглед на она што го објави шпански „Гол“ може да се оцени дека на Велшанецот му беше здодевно на трибините, па ја „преспа“ борбата на своите соиграчи против незгодниот Алавес.

Со овој потег Бејл како да сакаше да каже дека неговата приказна во Реал Мадрид е завршена и од следната сезона ќе го гледаме во нов дрес.