• Горан Упале

Дербито од 21. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Воска Спорт и Пелистер доби нов термин. Натпреварот кој требаше да се одигра в сабота (19 март) на стадионот „Билјанини Извори“ е одложен, и на барање Министерството за Внатрешни работи и СВР Охрид истиот е презакажан за на 22 март (среда) од 15:00 часот.
Информацијата ја потврди битолски Пелистер, кој најверојатно и на оваа средба ќе добие голема поддршка од своите најверни фанови „Чкембарите“.
„Ве известуваме дека по барање на Министерството за Внатрешни работи и СВР Охрид комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) направи промена на терминот за во среда 22 март“, се вели во објавата на битолскиот клуб.
Двата тима одлично ја започнаа пролетната полусезона и останаа во трката за промоција во елитата. По 20 одиграни кола Воска е на втората позиција со 47 бода, додека Пелистер е на четвртата позиција со четири бода помалку.