ВИДЕО: На Балотели му требаа само четири минути за деби гол за Монца

Откако „раскина“ со Бреша, еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Марио Балотели се реши за нов предизвик во својата кариера и се пресели во Серија Б.

Поранешниот репрезентативец на Италија е нов напаѓач на Монца, а квалитетите со кои располага ги покажа уште на своето деби, откако за само четири минути игра против Салернитана го даде голот-првенец во новиот клуб.

  • Деби голот на Балотели во дресот на Монца:

На крај Монца извојува сигурна победа од 3-0, а покрај Балотели, мрежата на гостите ја стресоа Барила и Армелињо.