На 82-годишна возраст почина поранешниот тренер на Интер, Наполи и Лацио

Од Италија денес пристигна жална вест поврзана со смртта на легендарниот тренер Луиџи Симони. Италијанецот се наоѓаше во тешка здравствена состојба речиси цела година, откако доживеа срцев удар, а сега ја загуби битката со животот и почина на 82-годишна возраст. 

Симони беше тренер на голем број екипи, од кои сите освен ЦСКА Софија, сите беа од Италија. Во неговата речиси четиридецениска кариера водеше и клубови како Интер, Наполи и Лацио, а седеше и на клупите од Торино и Џенова

Најголемиот успех во своите мандати низ Италија го забележа во 1998 година, кога со Интер стигна до трофејот од тогашниот УЕФА Куп. Неговото име во Италија значи многу, а речиси и да не може да се чуе лош збор за него како човек.