Мустафов: Силекс е перфектна средина за развој на млад фудбалер

Како што ја заврши есенската полусезона, кратовски Силекс така ја почна и пролетта во ПМФЛ. Со евроголот на Бурхан Мустафов, екипата на тренерот Симов ја освои Шара и со победата над Ренова со 0-1 се израмни со Академија Пандев на третото место на табелата.

Најдобриот играч на натпреварот во Тетово, Бурхан Мустафов зборуваше за Gol.mk за своето искуство во прволигашот од Кратово, клуб во кој дојде пред неполн месец од Струга. 

„Не можев да посакам подобро деби во мојот нов клуб. Силекс е перфектна средина за млад фудбалер и убеден сум дека ја одбрав најдобрата средина. Ја имам поддршката од тренерот Симов, одлично сум прифатен во новата средина и верувам дека заедно ќе имаме плодна пролет.

Подготовките во Анталија ни донесоа многу позитивни работи. Тестот против Висла Краков ми остави посебен впечаток. Верувам дека уште од дуелот со Шкендија в недела ќе им се претставиме на нашите навивачи во вистинско светло“, ни рече стрелецот на голот за Силекс вчера попладне под Шара.

Мустафов беше во поширокиот список на Благој Милевски во генерацијата која обезбеди пласман на У21 Европското првенство во Полска. Сепак, повредата која го мачеше цела една година го оневозможи да настапи во Гдањск и Бидгошч.

„Имам само пријатни спомени од тоа искуство во репрезентацијата. Милевски ми остави одличен впечаток, се работи за врвен тренер. Знаев дека таа генерација ќе испише историја, бидејќи односот меѓу нас внатре во соблекувалната беше одлична, а квалитетот неспорен“, заврши битолчанецот.

Пред да дојде во Силекс, Мустафов ги носеше дресовите на Пелистер, Победа, Ренова, Струга Трим Љум во македонскиот фудбал, а кратко настапуваше и во Албанија. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15