Муслиу: Сите да го ставиме прстот на чело, ова е врвот во Европа и сè се казнува!

Три натпревари и три порази за македонската фудбалска репрезентација на стартот на Лигата на нации. И Шкотска го совлада националниот тим на Гоце Седлоски и како да не „удри“ во реалноста дека местото не ни е во Лига Б на Лигата на нации.

По поразот во Скопје од избраниците на белгискиот стручњак Себастијан Покоњоли со 0-2 (0-2) пред новинарите зборуваше Висар Муслиу.

„Прв шут и веднаш ни дадоа гол. Тоа донесе деконцентрација во нашата игра. Имавме проблеми во дефанзивата и тие имаа уште две-три акции кои беа опасни. Имаше.дел од натпреварот каде што ја држевме топката, ја контролиравме средбата. Но, очигледно едно полувреме не е доволно за нешто конкретно. Треба многу работи да промениме. Ние играчите прво треба да го смениме говорот на телото. Ова е највисоко ниво на европскиот фудбал. Овде има сериозни играчи и сериозни репрезентации.

Начинот на којшто влегуваме во натпреварите во последниот период, очигледно не е правилен. Секогаш почнувам од себе. Под итно треба да се промениме, зошто не оди веќе вака. Прст на глава да ставиме сите, да се анализираме самите себе и да направиме сè што можеме за добар резултат“, изјави Муслиу.

Македонија нема ниту една победа во 2026 година и има уште три шанси да избегна цела една година без победа во било каков натпревар - нешто што не ни се случило во историјата. 

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1