• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу има нов клуб. Стоперот потпиша договор во Белгија, каде ќе го носи дресот на Сент Труден кој се натпреварува во најсилната лига на земјата.
30-годишниот Муслиу беше дел од германски Падерборн, но му истече договорот со клубот од Германија, па си побара нова средина. И брзо ја најде, затоа што лесно се договори со екипата која во белгиската елита се бори да го избегне плеј-аутот.
Муслиу беше во Германија од 2022 година, покрај за Падерборн играше уште и за Инголштад во Цвајте. Низ кариерата ги носеше и дресовите на унгарски Фехервар, косовска Приштина, како и македонските Вардар, Ренова и Шкендија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.