Муслиу се повреди, за Ерменија се враќаат Зајков и Серафимов

Покрај трите бода македонската фудбалска репрезентација носи многу позитивни индивидуални изданија од Рига. Победа од 0-3 е чиста и заслужена, но загрижува уште една повреда на наш репрезентативец.

Висар Муслиу се повреди на почетокот на вториот дел и беше заменет. Првично се работи за повреда на скочниот зглоб и болната гримаса на лицето на нашиот дефанзивец доволно говори дека повредата не е наивна. 

Мали се шансите фудбалерот на Падерборн да настапи в недела и многу веројатно „дупката“ ќе ја пополни еден од повратниците Серафимов и Зајков.

Македонската фудбалска репрезентација в недела од 18:00 часот ќе го игра четвртиот натпревар во групата, против незгодната ерменска репрезентација. 

Состави

Паоло Николато

5-4-1

    Благоја Милевски

    4-3-3