Муслиу против Ристевски во финалето од Купот на Унгарија

Двајца македонски фудбалери ќе играат еден против друг во финалето од Купот на Унгарија, познато е по комплетирањето на полуфиналните средби.

МОЛ Фехервар на Висар Муслиу е ривалот на Ујпешт на Кире Ристевски. Фаворитот на хартија славеше над МТК Будимпешта (1-2) во чии редови настапуваат уште двајца фудбалери со македонски пасош - Себастијан Херера и Бојан Миовски.

Висар Муслиу тргна од првата минута за Фехервар и ја одигра целата средба. За МТК, Херера беше стартер и го одигра првото полувреме, додека Миовски влезе од клупата во 74. минута.

Финалето од Купот на Унгарија е закажано на 5 мај. Претходно, Ујпешт на Ристевски во полуфиналето минимално ја совлада Кишварда (1-0).