Муслиу: Овој дуел со Грузија ќе биде поинаков од другите (ВИДЕО)

Висар Муслиу е еден од столбовите во одбраната на македонската фудбалска репрезентација. Играчот на МОЛ Фехервар пристигна во Македонија и веќе е со екипата, а го најави мечот со Грузијците кој ќе биде од историска важност за нашата земја.

„Прво, сакам да бидеме сите здрави, па да се подготвиме што е можно подобро за Грузија. Знаеме што ни следи на средбата во Тбилиси, скоро три години ние помладите го чекаме овој меч. Можам да кажам дека ќе го дадеме најдоброто од себе, за да ја однесеме Македонија на едно елитно натпреварување. Во последните два месеци имавме два меча со Грузија, ама оваа средба ќе биде поинаку. Финале како финале, ќе биде тежок натпревар, но мислам дека ние сме доволно подготвени за овој меч“, изјави Муслиу.

Македонија до финалето дојде со победа над Косово (2-1), а историскиот натпревар е закажан во Тбилиси в четврток од 18:00 часот. Досега двете селекции одиграа два натпревари, а и двата беа без победник, со по еден гол во двете мрежи.