• Зоран Мишевски

Осум европски натпревари и четири во ПМФЛ го прават Висар Муслиу наш дефанзивец со најголем број на минути во нозете на почетокот од сезоната. Централниот дефанзивец на Шкендија пред натпреварот со Гибралтар ни ја откри разликата меѓу играњето на природна и вештачка трева.
„За професионални кои тренираат на природна трева, тешко е да се тренира и игра на вештачка. Но, нема што да мислиме на таа тема. Ова е наша голема шанса и знаеме дека сонот за Европско првенство е поблиску со ова натпреварување и оваа група“, смета Муслиу.
Поранешниот младински репрезентативе потоа откри дека кон Гибралтар ќе пристапат многу сериозно и дека во следните денови ќе го анализираат подетално.
„Знаеме дека нема лесни натпревари и така ќе му пријдеме и на дуелот со Гибралтар. Не го знаеме нивниот квалитет, но имаме доволно време да ги забележиме нивните слаби страни и в четврток да ги искористиме во наша полза“, заврши Муслиу.
Во претходниот циклус квалификации за Светското првенство во Русија, на гостувањата селекцијата на Игор Ангеловски загуби од Албанија и Шпанија, ремизираше со Италија и ги совлада Израел и Лихтенштајн.