ВИДЕО: Муслиу направи пенал, „лордот“ Бендтнер го надмудри Гачевски

Екипата на Розенборг успеа да поведе во мечот против Вардар во Лига Европа, во 25. минута со погодок на најголемата ѕвезда Никлас Бентнер.

Корпулентниот шпиц реализира од белата точка, а претходно, пеналот го направи младиот Муслиу. Гачевски при шутот на Бендтнер ја погоди страната, но сепак, беше краток во обидот да одбрани.

За данскиот напаѓач ова е прв гол во Лигата на Европа оваа сезона.