Муслиу: „Младост“ ми носи среќа, но затоа се игра фудбалот – за голови!

Македонскиот фудбалски првак Шкендија забележа триумф над Академија Пандев (0-1) и се зацврсти на првото место на табелата во ПМФЛ. Стрелец на погодокот на мечот во Струмица беше Висар Муслиу, кој иако како дефанзивец, одлично реагира во нападот.

Стадионот „Младост“ како да му годи на Муслиу, затоа што кога и да игра таму, дава голови. Пред две години, погодуваше во дресот на Македонија против Лихтенштајн, додека минатата сезона даде гол и во триумфот од 3-0 над Пелистер. Сега, доаѓа и голот со „пандевци“...

„Овој терен како да ми носи среќа. Среќен сум затоа што постигнувам голови, се надевам дека ќе продолжам да давам уште повеќе, како на стадионите во Македонија, така и низ Европа. Затоа го играме фудбалот, да постигнуваме голови. Среќен сум што тоа ми успева како дефанзивец“, вели Муслиу.

Репрезентативецот на Македонија потоа зборуваше и за мечот против Академија Пандев.

„Подготвени бевме максимално за овој предизвик, знаевме дека против нас ќе имаме еден квалитетен тим кој не смее да го потцениме. Дојдовме до посакуваниот резултат, играме во добра форма и верувавме дека можеме да победиме. Убаво е што јас го дадов победничкиот гол, но уште поважни ми се бодовите“, заврши Муслиу.

Шкендија е апсолутен лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и првпат оваа сезона има двоцифрена предност во однос на вицепрвакот Вардар.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 1 0 0 2:0 2 3
1 ШкупиШкупи 1 1 0 0 2:0 2 3
3 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 1 0 0 2:1 1 3
4 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 1:0 1 3
4 РеноваРенова 1 1 0 0 1:0 1 3
6 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 1:2 -1 0
7 ШкендијаШкендија 1 0 0 1 0:1 -1 0
7 СилексСилекс 1 0 0 1 0:1 -1 0
9 БорецБорец 1 0 0 1 0:2 -2 0
9 ВардарВардар 1 0 0 1 0:2 -2 0