ВИДЕО: Муслиу и Падерборн приредија сензација во Купот на Германија!

Екипата на Падерборн, за која настапува македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, приреди големо изненадување во Купот на Германија. Во битката за осминафинале Падерборн му зеде скалп на фаворизираниот Фрајбург, откако на гостински терен славеше голема победа од 1-3 (0-2). 

  • Фрајбург - Падерборн 1-3:

Бундеслигашот уште од самиот старт наиде на разигран противник и Билбија уште во четвртата минута ги замолкна домашните фанови. Падерборн пред крајот на полувремето постигна уште еден погодок и за 0-2 се потруди Муслија. Во вториот дел Билбија oдново ја стресе домашната мрежа, а конечните 1-3 ги постави Егерштејн. Нашиот дефанзивец повторно беше столб на одбраната на Падерборн и го одигра целиот натпревар.

Фудбалерите на Баер Леверкузен потешко од очекуваното обезбеди осминафинале во Купот на Германија. „Фармацевтите“ во самиот финиш го скршија отпорот на Сандхаузен и славеа со 2-5. По првото полувреме беше 0-1 за фаворитот, а потоа за само седум минути беа постигнати три гола за 2-2, резултат кој на семафорот стоеше до 88. минута кога Хожек донесе ново водство за Баер, а до крајот на средбата Адил со два гола ја запечати победата на својот тим.

Во бундеслигашкото дерби од оваа фаза, Борусија Дортмунд со минимални 1-0 го совлада тимот на Хофенхајм и си обезбеди место меѓу најдобрите шеснаесет екипи во ова натпреварување. Победничкиот гол за „жолтите“ го постигна искусниот Марко Ројс во 43. минута.