Муслиу го „издрибла“ Вардар за да оди во Приштина!?

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу тренира со екипата на Приштина и е пред трансфер во косовскиот прволигаш.

Муслиу беше дел од Вардар, а откако најде „дупка“ во договорот успеа да си замине како слободен фудбалер. Се најавуваа бомбастични трансфери, меѓу кои беше и оној во Џенова кај Пандев, но сепак, тој е на тренинзи со клуб од Косово.

Дефанзивецот е дел од косовскиот тим, а останува да видиме што ќе биде во наредниот период.