• Зоран Мишевски
Германскиот репрезентативец Џамал Мусиала успешно е опериран по враќањето од Светското клупско првенство. Баерн Минхен ја извести јавноста дека зафатот минал во најдобар ред по враќањето од Соединетите Американски Држави.
22-годишниот офанзивен играч од средниот ред на германскиот шампион доживеа сериозна повреда за време на четвртфиналниот натпревар против Пари Сен Жермен, кога го скрши и го измести зглобот, поради што му беше дијагностицирана фрактура на фибулата.
Мусиала ќе ги започне своите први рехабилитациски сесии веќе деновиве, со очекувања дека ќе му биде на располагање на својот клуб за најмалку 4-5 месеци, во зависност од темпото на неговото закрепнување.
Настапот на Мусиала на Светското првенство следното лето не е доведен во прашање.

