ВИДЕО: Мусиала ја поништи мајсторијата на Гитенс, Баерн „преживеа“ во Дортмунд

Лидерот Баерн се наоѓаше пред првиот пораз во шампионатот на Германија, но Мусиала го спаси со гол во финишот. Во дванаесеттиот натпревар од Бундеслигата, Баерн беше блиску да ја почувствува горчината на поразот на „Сигнал Идуна Парк“, но одигра 1-1 (1-0) против разиграната Борусија Дортмунд во првиот „Дер Класикер“ оваа сезона.

Нури Шахин се одлучи за тројца напаѓачи во стартниот тим, а Компани изненади со вклучувањето на Матис Тел во нападот, заедно со Кејн и Сане. По серија на шанси од двете страни, пред крајот на првиот дел Борусија Дортмунд поведе по индивидуална мајсторија. 20-годишниот Англичанец Гитенс продре по левата страна, ја претрча цела баварска одбрана и ефектно го совлада Нојер (1-0). 

Баварците навалија во вториот дел и креираа шанси пред Кобел. Компани се обиде со Коман и Бои од 62. минута, но гостите беа неснаодливи во противничкиот казнен простор. Влегувањето на Мален ги растерети „жолто-црните“ и во финишот се влезе со минималецот од првиот дел. Олисе од клупата беше последниот џокер на славниот Баерн. Во 85. минута по слободниот удар на Сане и неостранетата опасност, топката стигна до Џамал Мусиала, кој со глава го совлада Кобел (1-1). Баерн бараше и пенал заради влечење за дрес врз Сане во 88. минута, но судијата не покажа на белата точка, туку му додели жолт картон на германскиот репрезентативец. Ремито е најреален исход во спектакуларниот дуел во ладниот Дортмунд.

  • Извештај од натпреварот: 

Со ова реми Борусија Дортмунд остана на петтото место со 20 бода, десет помалку од суверениот лидер од Минхен. Во следното 13. коло Баерн ќе го пречека Хајденхајм, а Борусија Дортмунд гостува во Менхенгладбах. 

Состави

Нури Шахин

4-2-3-1

    Винсент Компани

    4-2-3-1