• Саше Љолес
Големите тимови имаат големи играчи. Оваа фраза многу често се слуша во фудбалските кругови, а тоа се потврди и на денешниот бундеслигашки натпревар помеѓу Сент Паули и Баерн Минхен.
Баварците имаа неколку сериозни прилики и колосални шанси за гол, но сепак единствениот гол на мечот дојде по фантастичниот удар на Џамал Мусијала, кој постигна спектакуларен еврогол во 22. минута од натпреварот.
- Голот на Мусиала против Сент Паули:
Гостите од Минхен можеа уште поубедливо да го совладаат ривалот, но на крајот се покажа дека овој гол на Мусала беше клучен за победата и нови три бода на табелата.