Муса Соу доведе Сенегалец за крај на преодниот рок на Гостивар

Само уште неколку дена преостануваат до крајот на летниот преоден рок за македонските клубови. Гостивар и ова лето најмногу се засили и имињата кои пристигнаа имаат интернационална кариера и посебна тежина. Такво е и последното ново име.

Асане Диата го напушти турскиот фудбал и вечерва потпиша за Гостивар. Се работи за 24-годишен напаѓач од Сенегал, кој доаѓа во ПМФЛ на барање на спортскиот директор Муса Соу.

Последен клуб на Диата е турска Каршијака, а претходно настапуваше за клубови од Сенегал.

Сенегалецот треба да биде едно од најголемите засилувања на Гостивар, заедно со Дирар, Алдаир Дијало и Зени Хусмани,