Мурињо за „тепачката“ меѓу Лорис и Сон: Многу ми се допадна, тоа е знак дека...

Екипата на Тотенхем извојува тесна победа на вчерашното дерби против Евертон, иако „не постигна гол“ на дуелот на „Тотенхем Стадиум“. Единствен стрелец на натпреварот беше гостинскиот играч Мајкл Кин, кој ја стресе сопствената мрежа во 24. минута, но дербито ќе остане запаметено по инцидентот по крајот на првиот дел во кој учествуваа Лорис и Сон.

Капитенот видно револтиран за малку „ќе го натепаше“ корејскиот офанзивец, но целата ситуација се среди по крајот на натпреварот, откако двајцата со прегратка си ја честитаа новата победа.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: „Пукна тиквата“ во Тотенхем, Лорис и Сон имаа жесток судир на полувреме

Токму оваа ситуација беше тема на разговор на прес-конференцијата, а Мурињо во свој стил им одговори на новинарите. 

„Многу ми се допадна инцидентот. Тоа беше фантастично. Не барајте виновник во нив, затоа што јас сум тој. Неколку денови им говорев дека треба да покажат повеќе карактер на натпреварите и ете конечно дојде тој момент. Кога ќе се случи инцидетот помеѓу капитенот и момче какво што е Сон, тогаш тоа е добар знак за екипата која сака да напредува“, рече „специјалниот“.

Со овие три бода, Тотенхем колку толку ги сочува шансите за Лига на шампиони и сега заостанува девет бода во однос на четвртопласираниот Челзи. До крајот на Премиер лигата остануваат уште пет кола.