• Горан Упале
Един Џеко блесна во првиот официјален натпревар во новата сезона за Фенербахче. Тој постигна хет-трик во победата на турскиот тим со 3-4 на гости кај Лугано во квалификациите за Лигата на шампионите.
Џеко по натпреварот беше главна тема на прес-конференцијата на тренерот на Фенер, Жозе Мурињо.
„Един играше многу, многу добро. Да се постигнат три гола на еден натпревар е фантастична работа. Тој човек не старее.
Ме потсетува на мене кога бев помлад. Многу зборува, премногу се жали. Има емоција на млад човек и среќен е“, изјави Мурињо.
Џеко во претходните неколку седмици беше поврзуван со заминување од Фенербахче и преселба во Хајдук, но најверојатно тој трансфер нема да се реализира.
Босанецот по натпреварот се пожали на настапот на вештачка трева во Лугано.
„Неприфатливо е да се игра на ваков терен. Трите примени гола се премногу, но мислам дека овој резултат е многу добар пред реваншот“, изјави Един Џеко.
Од вчера нов член на Фенербахче е Јусуф Ен-Незири, кој доаѓа во Истанбул од Севиља за 25 милиони евра.