ФОТО: Мурињо во свој стил реагираше по скандалот во Турција

Турскиот фудбал повторно го тресе скандал – натпреварот меѓу Галатасарај и Адана Демирспор беше прекинат во 30. минута откако гостите по наговор на нивниот претседател решија да го напуштат теренот.

Сè започна во 12. минута, кога судијата досуди пенал во корист на Галатасарај. Алваро Мората беше сигурен во ударот од единаесет метри и му донесе водство на лидерпт во Суперлигата, но реакцијата на гостите дојде дури половина час подоцна.

Слични инциденти не се невообичаени во турскиот фудбал, а неодамна беа особено во фокусот на двата најголеми клуба – Галатасарај и Фенербахче. Реакција пристигна од ривалскиот табор. Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, на свој препознатлив начин го прокоментира скандалот.

Португалецот најпрвин објави фотографија на Инстаграм, на која аплаудира на „честитки“ на судиската одлука, а потоа и видео од контроверзниот пенал и сето тоа со музиката од песната „Повикај полиција“.

Според турските медиуми, натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3-0 во корист на Галатасарај, додека Адана Демирспор најверојатно нема да остане неказнета – се очекува одземање на два бода.