Мурињо во свој стил: Не ми се зборува за мечот, Славија заслужено нè победи

Рома првпат беше поразена во Лигата на Европа, на гостувањето на „Епет Арена“ против Славија Прага (2-0). По натпреварот, незадоволството не го криеше предводникот на „волчицата“, Жозе Мурињо. 

Контроверзниот стратег не сакаше ниту да го коментира одиграното, само го призна поразот, го пофали противникот, а издвои една единствена светла точка од мечот во Прага. 

„Не би сакал многу да зборувам за нтпреварот. Мислам дека ниту другите не би требало да го зборуваат. Резултатот е коректен во позитивна смисла за Славија, а во негативна за нас. Ништо од тоа што го правевме на теренот не ми се допадна. Веќе разговарав со играчите, но не им замерувам. Тоа што им го кажав останува меѓу нас. Сакам да бидам чесен кон играчите на Славија кои целосно заслужено нè победија. 

Ќе ви ја кажам единствената работа која ми се допапдна - Едоардо Бове. Тој е момче од 20 години, но само еден таков играч не е доволен за да се победува. Сите заслуживме пораз во Прага, освен тој“, изјави Мурињо.

Рома сепак не би требало да има потешкотии да се пласира во нокаут рундата, бидејќи до крајот игра со Сервет и Шериф, а има предност од пет бода.

Состави

Jindrich Trpisovsky

3-4-3

    Даниеле Де Роси

    4-3-3