• Саше Љолес
Португалската Бенфика не успеа првпат по две децении да го совлада Рио Аве во домашното првенство, а по натпреварот, тренерот Жозе Мурињо изрази незадоволство од одлуката на ВАР во 60. минута, кога голот на стоперот на Бенфика, Антониу Силва, беше поништен поради наводно газење на противнички играч.
Мурињо нагласи дека не се согласува со ваквата одлука, која според него, негативно влијаела на резултатот на натпреварот.
„Не ми се допаѓа овој нов фудбал. Некогаш ВАР-технологијата не ја проценува ситуацијата правилно и праведно. Голот беше поништен поради тоа што нашиот играч случајно нагази на прстот на противникот.
Ако ова е ново правило, можам да кажам дека го прифаќам, но не ми се допаѓа. Рио Аве постигна убав гол, но покрај тоа, не направи ниту една сериозна шанса“, рече Мурињо.
„Специјалниот“ неодамна ја презема Бенфика, откако претходно доби отказ во турскиот гигант, Фенербахче.
ФОТО/PHOTO: SL Benfica



