Мурињо во свој стил: Ајакс – не играше против Витесе, туку полуфинале на ЛШ! 

По заминувањето од кормилото на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, работи како стручен аналитичар и често без влакна на јазикот „удира“ по екипите кои ќе ги разочараат своите фанови. 

Така беше и по вечерашната елиминација на Ајакс. „Специјалниот“ го засени фантастичниот хет-трик на Лукас Моура и пресвртот на Тотенхем и се осврна на тактиката и филозофијата на тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, која според него беше поразителна.

„Ајакс заслужи респект. Ја заслужи сета почит од своите фанови, како и од неутралните. Но, за да победиш на големите мечеви, особено на „специјалните“, мораш да бидеш поразличен. Понекогаш мораш да одиш против својата филозофија за да победиш. Ајакс наметна офанзивен стил на игра оваа сезона во Лигата на шампионите. Така ги елиминира и Реал и Јуве, но вечерва мораше навремено да ги реши своите слобости. Односно, во вториот дел, кога имаше вкупно водство од 3-0, мораше да игра подефанзивно. Во таквите моменти мораше да направи баланс, а тој почнува од дефанзивната линија. Но, тие како да играа меч со Витесе во домашниот шампионат, а не полуфинале во Лигата на шампионите, па тоа им се врати на глава и сега не можат да поверуваат што им се случи. Тотенхем пак, се реши со сите сили да тргне во напад. Имаше и среќа, но среќата треба да ја заслужиш“, анализираше Мурињо. 

Тотенхем во големото финале ќе се сретне со англискиот ривал Ливерпул, на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.