ВИДЕО: Мурињо во солзи и со фановите на Рома прослави ново европско финале!

Рома одигра 0-0 против Баер Леверкузен и со тоа се пласира во финалето на Лига Европа, бидејќи првиот натпревар одигран во Рим заврши со победа на тимот на Жозе Мурињо од 1-0. Рома успеа да обезбеди второ последователно европско финале под водство на одличниот Португалец. Минатото беше она во Конференциската лига, кога во Тирана го совлада Феенорд со 1-0.

Римјаните во битката за трофејот ќе се соочат со Севиља, која по голема драма и продолженија го исфрли Јувентус. По завршувањето на натпреварот во Леверкузен, во кој Рома имаше само еден удар нво рамката на голот наспроти 21 удар на Баер, Мурињо славеше и плачеше поради своите преголеми емоции.  Жозе е тактички гениј и тоа го покажа вечерва во Германија. Успеа да го затвори Баер со „бункер“ и да му донесе ново финале на својот тим.

Мурињо ја освои Лига Европа во 2017 година со Манчестер Јунајтед, има две титули во Лигата на шампионите со Порто и Интер, а сега сака уште еден трофеј во големата тренерска кариера. Иако често е критикуван за попречување на противниците и начинот на кој неговите тимови играат фудбал, Португалецот се смета за еден од најдобрите тренери во светот. 

Состави

Чаби Алонсо

3-4-2-1

    Клаудио Раниери

    3-4-3