• Мартин Танасковски
Турски Фенербахче претрпе срамен пораз од испаднатиот Хатајспор во претпоследното коло од турската Суперлига. Гигантот од Истанбул загуби со 2-4 и заостанува 11 бода зад шампионот Галатасарај, а главниот тренер Жозе Мурињо призна дека неговиот тим играл без мотивација.
Еден од новинарите го провоцираше Мурињо потсетувајќи го дека во последните седум години не раководел со тим што учествувал во Лигата на шампионите.
„Во овие седум години играв во две финалиња на европските турнири, а тоа е повеќе отколку што турскиот фудбал видел во целата своја историја“, одговори поранешниот тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.
На прашањето дали ќе поднесе оставка, Португалецот одговори дека чувствува целосна поддршка од раководството на клубот.