• Горан Упале
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони требаше да го напушти клубот ова лето, но тоа нема да се случи.
Во Турција сè уште трае преодниот рок, па Бразилецот беше пред преселба во Фенербахче на Мурињо, но од тоа нема ништо. Бројни извори откриваат дека Мурињо во последен момент ги прекинал преговорите, сметајќи дека Антони е непотребен во неговиот тим, особено што во офанзивниот дел на тимот ги има Душан Тадиќ, Алан Сан-Максиман, Џенгиз Ундер.
Јасно е дека бразилскиот ас нема да има ниту посебна минутажа кај Ерик Тен Хаг, освен во Куп натпреварите, а не треба да се заборави дека беше платен неверојатни 100 милиони евра.