Мурињо суспендиран, нема да ја води Рома на дербито со Интер

Дисциплинската комисија во Серија А објави дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо добил казна од еден натпревар поради црвениот картон.

Португалскиот тренер беше исклучен за време на натпреварот од седмото коло на италијанското првенство против Аталанта (0-1). На почетокот на вториот дел Мурињо беше незадоволен од судиската одлука. Поради тоа истрча на терен и му замери на судијата на донесената одлука.

Сепак, Дисциплинската комисија во соопштението соопшти дека Мурињо е суспендиран поради „влез на теренот и навреда на противнички играч“.

Португалецот нема да може да го предводи тимот во осмото коло од Серија А кога Рома ќе му гостува на Интер во Милано. Во 2010 година, Мурињо го освои скудетото, Лигата на шампионите и Купот на Италија со „нероазурите“. Тој дуел е закажан за прво октомври.

Состави

Жозе Мурињо

3-4-3

    Gian Piero Gasperini

    3-4-3