ВИДЕО: Мурињо стартуваше со победа во Виган и деби на Михтаријан и Бејли

Манчестер Јунајтед новиот циклус под капата на Жозе Мурињо го отвори со победа на гостувањето кај Виган со 0-2 (0-0) во првиот од неколку пријателски мечеви пред Суперкуп мечот со Лестер Сити за три недели.

Во тим преполн со голобради момчиња, за „црвените ѓаволи“ дебитираа Михтаријан и Бејли, а дури и во вториот дел Манчестер Јунајтед го скрши отпорот на членот на „Чемпионшип“.

Младиот Вил Кин во 48. минута ја искористи грубата грешка на Јуси Јаскелаинен и на додавање на Мата, го отвори резултатот. Неколку минути подоцна со голот на Переира гостите зголемија на 0-2, што подоцна се испостави како конечен резултат. По подолг период по скршеницата на ногата од ланскиот меч во Ајндховен од Лигата на шампионите, на теренот се врати Лук Шо.