Мурињо: Со денови лажев дека јубилејниот меч не ми значи ништо

Мурињо Жозе

Жозе Мурињо и неговата прослава го одбележаа триумфот на Рома против Сасуоло на својот „Олимпико“.

>>> ВИДЕО: Мурињо „полуде“ од радост по голот на Ел Шарави и победата на јубилејот!

Стефан Ел Шарави се погрижи да обезбеди три бода за римјаните, на мечот број 1.000 во кариерата на португалскиот тренер.

„На сите им кажав лаги! Со денови му велев на тимот дека овој 1000-ти натпревар не e важен за мене, но имав неверојатен страв да загубам. За среќа победивме и јас трчав како дете денес затоа што се чувствував како да имаm 12, а не 58 години“ , откри Португалецот.

Мурињо потсети на деновите кога беше дел од Порто и неговата слична прослава на дуелот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.