Мурињо си замина од Тотенхем, германските медиуми го селат во Минхен

Мурињо

Жозе Мурињо доби нов отказ, овојпат од Тотенхем по две години работа во лондонскиот премиерлигаш. Португалецот одново ќе менува работна средина, а очекувано веќе започнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Во Германија се пишува дека Баерн Минхен би требало сериозно да размисли за да го ангажира. Хенси Флик сака да си замине на крајот од сезоната, а тоа ќе остави празно место на тренерската позиција на баварскиот гигант.

Сепак, конкуренцијата за работата на „Алијанц Арена“ е голема. Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг засега е во пол-позиција, а името на Масимилиjано Алегри исто така се споменува во потесниот круг кандидати.

Непосредно пред полуфиналето со Манчестер Сити во Лига Купот, португалскиот тренер ја доби лошата вест. Оваа одлука не е изненадувачка, со оглед на неговиот однос со играчите во изминатиот период.

Сега ќе мора да се насочи кон нова екипа, со која ќе продолжи да ја пишува својата тренерска приказна.