Мурињо: Што ни се случи? Фудбал... фудбал...

Жозе Мурињо, стратегот на Тотенхем, имаше интересен коментар по дербито со Вест Хем во кое неговиот тим имаше сигурна победа, ама ја прокоцка за десет минути (3-3). „Петлите“ водеа со три гола, но во последните моменти од мечот потфрлија и на противникот му дозволија да си замине дома со бод.

„Што ни се случи? Фудбал... фудбал. Морам да направам анализа за второто полувреме, ама за вас преферирам да кажам дека ни се случи фудбал. Не е лесно да водиш 3-0, да доминираш, да го имаш мечот под контрола, па да примиш три гола и да прокоцкаш таква предност. Тоа е голема казна и евентуално можеби заслужена. Ова беше меч кој го имавме в џеб, ама загубивме на крајот два поени“, изјави Мурињо.

На овој натпревар во дресот на Тотенхем заигра и повратникот Герет Бејл, ама не успеа да ѝ помогне на екипата со својот учинок.