Мурињо сериозен кандидат за празното тренерско столче во Лион

Лошите резултати во новата сезона му донесоа отказ на Бразилецот Силвињо на клупата на Лион.

Поразот од Сент-Етјен во дербито беше последен за бразилскиот стратег, кој сега остави празнина на тренерската клупа. Има неколку имиња кои се споменуваат како негови заменици, а меѓу нив е и Жозе Мурињо.

Бизнисменот и газдата на францускиот гигант Жан-Мишел Оле не се откажува од идејата да соработува со Португалецот. Го направил и контактот потребен за да започне преговори за негова преселба во Франција.

Првата понуда е одбиена, но во клубот веруваат дека ништо не е загубено и дека ќе го убедат „специјалниот“ да потпише договор.

Лоран Блан и Арсен Венгер се останатите кандидати за оваа тренерска работа.