ВИДЕО: Мурињо се радува уште на стартот, Сон го шокира Сити по само пет минути

Сон

Тотенхем одлиочно го започна дербито со Манчестер Сити и поведе од првата шанса на натпреварот во Лондон.

Кореецот Хеунг Мин Сон доби прецизна топка и се најде во одлична позиција за реализација, која ја искористи шутирајќи ја топката под нозете на Едерсон. За него ова е петти погодок во исто толку натпревари со ривалот од Манчестер.

Жозе Мурињо слави рано во директниот дуел со големиот ривал Пеп Гвардиола.