• Иван Димовски

Жозе Мурињо ќе ја води Рома по нов европски трофеј, овојпат во Лигата на Европа, откако минатата сезона ја освоија Конференциската лига на УЕФА. Португалскиот стратег пред финалето даде интересна изјава.
Тој откри дека сите за клубови кои досега ги водел има емотивна поврзаност, освен за Тотенхем.
„Се надевам дека навивачите на Тотенхем нема погрешно да ме разберат, меѓутоа тоа е единствениот клуб за кој не сум емотивно поврзан. Верувам тоа е бидејќи стадионот беше празен поради пандемијата и затоа што господинот Леви, не ми дозволи да освојам трофеј. Сепак, Тотенхем е единствен, Порто, Челзи, Јунајтед, Интер, Реал... Со сите клубови се чувствувам поврзано. Луѓето велат дека не можеш да го сакаш секој клуб, но јас ги сакав речиси сите“, изјави Мурињо.
Во Тотенхем, Мурињо работеше од ноември 2019, до април 2021 година на 86 натпревари, со просек од 1,77 бодови по натпревар.