Мурињо: Роналдо може да дојде во Истанбул, но само на ручек!

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо нема да стане нов фудбалер на Фенербахче, тврди тренерот на овој клуб Жозе Мурињо, а пренесуваат турските медиуми.

„Специјалниот“ во свој стил изјави дека неговиот сонародник може да дојде во Истанбул, но само да го види со што ги демантираше информациите кои се појавија во саботата.

„Кристијано Роналдо може да дојде во Истанбул да се одмори на пат за Португалија, бидејќи тука му е на половина пат. Или може да се качи во приватен авион и да дојде во Турција и да руча со својот стар пријател Жозе Мурињо.

На оние кои пишуваат дека ќе стане нов играч на Фенербахче, можам само да им кажам дека се целосно несвесни за глупостите што ги пишуваат, а можеби и уживаат да објавуваат такви глупости“, рече Моу.

Во последното коло од турскиот шампионат Фенербахче победи против Кајзери со 6-2.