Мурињо: Распоредот во Премиер е против сите закони на биологијата, психологијата и...

И Жозе Мурињо, новиот менаџер на Тотенхем, им се придружи на останатите менаџери од Премиер лигата кои јавно го критикуваа густиот распоред за време на божикните и новогодишните празници.

„Специјалниот“ со својот Тотенхем вчера запиша победа над Брајтон од 2-1, а веќе утре ги чека нов предизвик и дуел со Норич.

„Не ми е јасно како овие момци ќе играат уште еден натпревар за само 48 часа. Ова е злосторство. Како може за два дена да играме два натпревари. Тоа е против секој закон на психологијата, биологијата и биоемијата“, вели Мурињо. 

Искусниот стратег за натпреварот со Норич се соочува со проблеми околу склопување на првиот состав, затоа што поради суспензии нема да може да смета на Сон и Вингс, додека Сисоко е повреден. Моментално, „спарси“ ја заземаат петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода.