Мурињо против Пеп – ново супер-дерби во Англија на лутите ривали

Тотенхем го пречекува Манчестер Сити. Секако, овој дуел сам по себе е интересен бидејќи станува збор за екипи кои се борат за самиот врв на табелата во англиската Премиер лига. Но, да бидеме реални, далеку поинтригантно е што Жозе Мурињо го пречекува Пеп Гвардиола.

Португалецот имаше вербални дуели со многу колеги од Премиер лигата, но ни се чини дека менаџерот на „граѓаните“ му е посебен трн во око. Во февруари можеше да ужива во триумфот од 2-0, иако на крајот на шампионатот, неговиот тим беше само шести, со дури 22 бода помалку од второпласираниот Сити. Но, „спарси“ во оваа пресметка влегуваат со пет бода повеќе (вистина, гостите имаат еден натпревар помалку) и силната желба на Мурињо да ја зголеми таа разлика на табелата.

>>> Сите квоти на мечот Тотенхем - Манчестер Сити во MOZZART

Треба ли да потенцираме дека „специјалниот“ имаше забелешки на паузата од шампионатот и на натпреварите на репрезентациите за време на пандемијата? Ќе беше необично да не беше така, со оглед на тоа што некои играчи му се вратија со позитивен тест на ковид-19. Но, Мурињо знае да негодува (а кога велиме „негодување“, фини сме кон него) и кон некои помалку сериозни ситуации, така што ова беше очекувано. Од друга страна, Гвардиола доби добра вест пред овој судир - некои од играчите кои беа повредени, како Серхио Агуеро, Фернандињо и Беџамин Менди добија „зелено светло“ за настап од медицинската служба на „граѓаните“.

Кога сè ќе се земе предвид, можеби е најдобро да се одлучите за голови - 3+ или комбинација од 1+I&1+II. Ако навистина сакате да го изберете конечниот исход, нашата препорака е единица, бидејќи Тотенхем подобро ја отвори сезоната.