Мурињо пред спектаклот со Интер: „Не сакам да играме добро, сакам да победуваме!“

Жозе Мурињо е подготвен за големото враќање на европската сцена со Реал Мадрид, а прв противник во Лигата на шампионите ќе биде неговиот поранешен клуб Интер. Португалскиот стратег пред натпреварот јасно стави до знаење дека не го интересира ништо освен победата.

„Сакам да победам. Можев да ви кажам дека сакам да играм, но против Бетис одигравме добро и загубивме. Затоа сакам да победам. Во првата фаза сме, имаме осум натпревари до следната фаза и мислам дека ќе успееме. Затоа сакам да победам“, изјави Португалецот.

„Специјалниот“ истакна дека дуелот со Интер нема да биде пресуден, бидејќи се игра лигашка фаза, а не елиминациски натпревар.

„Овој натпревар не одлучува за ништо и не станува збор за дуел на испаѓање. И Реал и Интер ќе продолжат понатаму. Гледам можност повторно да се сретнеме кога натпреварувањето ќе влезе во сериозната фаза“, заклучи Португалецот.

Реал Мадрид ќе го пречека Интер во вторник од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.