Мурињо повторно не го внесе Фенер во ЛШ, дебакл на Глазгов Ренџерс

Жозе Мурињо ниту во вториот обид не успеа да го внесе Фенербахче во главната фаза од Лигата на шампионите. Трофејниот португалски стратег вечерва не го најде рецептот за поволен резултат на гостувањето кај Бенфика, и во Лисабон домашниот тим славеше со минимални 1-0 (1-0), но доволни за пласман во лигашкиот дел од европската фудбалска елита. На првиот натпревар во Истанбул немаше голови.

Одлучувачкиот момент на средбата на „Да Луж“ се случи во финишот од првото полувреме, откако турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу го совлада Ливаковиќ и на Бенфика ѝ донесе триумф и пласман меѓу најдобрите во Европа. 

По подолго време Шкотска нема да има свој претставник во Лигата на шампионите. По вчерашната сензационална елиминација на првакот Селтик од Каират, вечерва дебакл доживеа и Глаззгов Ренџерс. На гостувањето во Белгија, шкотскиот гигант беше поразен со 6-0 и со вкупни 9-1 ги заврши своите настапи во европската елита.

По ремито во Швајцарија, екипата на Копенхаген го искористи домашниот терен и против Базел славеше со 2-0 и со тоа си обезбеди уште најмалку осум натпревари во Лигата на шампионите. Претходно попладнево Ференцварош извојува пирова победа над Карабах (2-3).