Мурињо: После преодниот рок ќе гледаме сосема поинаква Бенфика!

Тренерот на португалската Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека сака да донесе барем две звучни засилувања во текот на јануарскиот преоден рок, иако знае дека „пазарот“ тогаш ќе биде прилично скап и лимитиран. 

„Специјалниот“ доби доверба од управата да го води тимот во следните две години, но Мурињо смета дека тимот треба да се засили за да може да биде конкурентен на повеќе фронтови. 

„Имаме одличен играчки кадар, но мислам дека мораме да се засилиме. Во јануари ќе се обидеме да доведеме барем две звучни засилувања, а потоа ќе гледате сосема поинаква Бенфика. 

Имам целосна почит за сите мои фудбалери и тие го знаат тоа, не треба да потенцирам. Сакам да бидеме посилни и конкурентни на повеќе фронтови. Со управата имаме совршено разбирање за овие работи“, рече Мурињо. 

Португалскиот стратег неодамна ја презема Бенфика, откако претходно доби отказ во турскиот Фенербахче.  

ФОТО/PHOTO: Sport Lisboa e Benfica/Facebook