Мурињо: Поразот против Динамо не ми е најтежок момент во кариерата

Мурињо

Жозе Мурињо се наоѓа во незгодна позиција на клупата на Тотенхем. Доколку нешто драстично не се промени, лондонскиот клуб ќе бара нова тренерска опција за наредната сезона.

Португалецот ја загуби контролата над тимот, кој разочара и испушти 2-0 на реваншот против Динамо Загреб во осминафиналето во Лига Европа. 

„Секој мора да бара причини за поразот во себе. Моите играчи потфрлија во основите на животот во Загреб. Не сакам да зборувам за тоа кој треба да биде лидер на теренот. Мислам дека тоа треба да остане во соблекувалната. Секако дека можете да имате своја визија, да ја анализирате и да донесете некои заклучоци, но јас нема да кажам ништо за тоа“.

Дали ова е негов најтежок момент во кариерата, Мурињо призна:

„Се чувствував навистина лошо, но ова не е мојот најтежок момент. Поразите во двете полуфиналиња од Лигата на шампионите со Челзи и Реал Мадрид на пенали беа сепак поболни за мене. За некои луѓе, фудбалот е само пари, начин да заработи за живот. За мене, тоа е многу повеќе од тоа. Затоа, никогаш не ги губам основите на фудбалот: страст, срце, желба... И затоа ме боли сето ова“.

Тотенхем до крајот на сезоната ќе има императив да се бори за четвртото место во Премиер лигата, кое носи пласман во Лигата на шампоионите. Тоа ќе биде мала утеха за навивачите на „петлите“.