Мурињо помогна во испораката на свежа храна на загрозените лица во Лондон

Жозе Мурињо

Жозе Мурињо и неколку фудбалери на Тотенхем пред неколку недели беа осудени поради непочитувањето на препораките на медицинските органи. Тие тренираа на отворено, но без да одржуваат потребна дистанца меѓу нив, па тоа наиде на осуда од страна на англиската јавност.

Спротивнот од оваа постапка, португалскиот тренер заедно со своите избраниците помогнаа пред неколку дена да се испорача свежа храна на најзагрозените лица во Лондон. Тоа беше гест за поздрав и обид да се ублажи добиената критика.

Стадионот на „петлите“ моментално се користи како установа каде се лечат заразени лица од коронавирус. Во хуманитарната акција на лондонскиот клуб учествуваше Јан Вертонген и поранешниот напаѓач Роби Кин.

Раководството на тимот уште е во преговори со фудбалерите, кои одбиваат да прифатат пониски плати за да помогнат во периодот по пандемијата.

Фудбалот во Англија би можел да се врати во јуни, а планот е сезоната да се доигра во јули, со цел да се спречат големи загуби од ТВ права.