ВИДЕО: Мурињо остана смирен, фановите на Порто го гаѓаа со секакви предмети!

Легендарниот фудбалски стратег Жозе Мурињо доживеа непријатен дочек од навивачите на својот поранешен клуб, на големото дерби на Португалија меѓу Порто и Бенфика.

Мурињо, кој со Порто ја освои Лигата на шампионите, предизвикувајќи сензација, сега е прв непријател кај фановите на сино-белите откако премина во лутиот ривал Бенфика. 

Тоа беше очигледно синоќа, кога навивачите на Порто не бираа со што ќе фрлат по него, а на изненадување на сите Мурињо остана смирен на ваквите провокации и го собираше фрлените предмети од теренот.

Инаку, дербито меѓу Бенфика и Порто заврши без голови.