Мурињо одново со жалбите: Играчите шутираат со топка за на плажа...

Мурињо жалба

Жозе Мурињо не можеше да биде задоволен од ремито на Тотенхем против Мидлсброу во рамки од ФА Купот. „Петлите“ ќе мора да играат реванш за да се пласираат во следната фаза.

Португалскиот тренер по мечот се пожали за топката, која рече дека не им одговара на играчите.

„Мислам дека топката е за на плажа. Тоа не им помага на играчите. Но, тоа не е оправдување“ , изјави „специјалниот“.

Сон и Лукас Моура го заменија повредениот Хари Кејн, но тие не направија доволно за успешен настап на Тотенхем.