• Саше Љолес

Информациите што доаѓаат од Франција велат дека ПСЖ му понудил богат договор на Жозе Мурињо за четиригодишен ангажман во францускиот шампион, но Португалецот решил да истата да ја одбие и ќе го одработи до крај актуелниот договор со „римската волчица“
„Специјалниот“ сака да оствари уште успеси со Рома и голема е веројатноста дека ќе остане во клубот до истекувањето на договорот кој завшува следното лето. Пред само неколку дена многу италијански медиуми објавија дека Мурињо побарал три квалитетни засилувања за следната сезона, а таа желба по сè изледа управата на „волчицата“ ќе му ја оствари.
Пари Сен Жермен наводно му понудил на трофејниот стратег осум милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси, но Мурињо решил да остане во Рим и да се обиде да се вмеша дури во борба за шампионската титула во Серија А.
Познато е дека парижаните ќе го отпуштат Кристоф Галтие, а тие веќе на големо ја бараат неговата замена и овој пат сигурно ќе сакаат да се потпрат на некое големо и искусно име кое ќе може да го води ѕвездениот тим на „светците“.
Жозе Мурињо во првата сезона како преводник на Рома успеа да го освои пехарот во Конференциската лига на УЕФА и успеа да ѝ го донесе на „римската волчица“ првиот меѓународен трофеј во историјата.