Мурињо: Нема никаков проблем со Роуз, јас не сум како другите менаџери...

По четирите неуспеси во низа (два порази и две ремија), екипата на Тотенхем утре ќе има голема шанса за излез од мини-кризата, затоа што игра против последнопласираниот тим на табелата во Премиер лигата, Норич.

Ситуацијата во редовите на „петлите“ не е сјајна. Уште пред извесен период останаа без својот прв напаѓач Хари Кејн, долго време го нема ниту капитенот Лорис, а наводно, на вчерашниот тренинг избегнат бил инцидент меѓу Мурињо и Роуз, ситуација која „Специјалниот“ денес ја демантираше.

<<< ПОВРЗАНО - Мурињо се „фатил в гуша“ со Роуз, тензии на тренингот на Тотенхем

„Не знам на што мислите, нема никаков проблем. Роуз не играше затоа што медицинскиот тим не даде „зелено светло“ за настап“, коментираше Моу.

Мурињо повторно беше приморан да зборува за заминувањето на Ериксен и дали тимот ќе доведе нов фудбалер оваа зима. 

„Немам многу вести поврзани со тоа. Прво, ние не купуваме играчи секој ден. Второ, јас сум таков тим кој одбива да зборува за фудбалери на други екипи. Другите менаџери го прават тоа, но јас не“, додаде португалскиот стратег. 

Во текот на зимскиот трансфер период, Тотенхем единствено се засили со младиот португалски офанзивец Жедсон Фернандес кој пристигна од Бенфика. 

<<< ПОВРЗАНО -ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо го обезбеди првото засилување во Тотенхем